Денеска (вторник, 6 ноември 2012) во 10:00 часот во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски,од името на Владата на РМ на студентите на УКИМ кои доаѓаат од социјално загрозени семејства ќе им додели ваучери.
Ваучерите ќе им овозможат на овие студенти да набават компјутери кои ќе им помогнат и ќе претставуваат стимул за поголеми натамошни успеси во студирањето.