Отворање на Неделата на француски филм, вечерва (четврток, 6 декември 2012) во 20:00 часот, во кино „Милениум“ со премиерата на филмот „Среќата никогаш не доаѓа сама“ (режија: Џејмс Ит, 2012, со Софи Марсо и Гад Елмале).
Во рамките на Неделата на францускиот филм, на филмското платно ќе бидат прикажани филмови од најнова француска филмска продукција, наменети, пред сè, за широката публика, која преку овој мини-фестивал, ќе има можност да се доближи до најактуелното во францускиот филм.
Проекции во рамките на „Неделата на францускиот филм“.
Свечено отворање
Четврток 6 декември 2012, 20 часот
Кино „Милениум“
Свечено отворање со филмот
„СРЕЌАТА НИКОГАШ НЕ ДОАЃА САМА“
на Џејмс Ит (2012)
Со Софи Марсо, Гад Елмале, Морис Бартелеми.
Саша си ги сака пријателите, пијаното и забавите. Навечер, свири во ноќен клуб и заведува млади девојки.
Шарлот има три деца, двајца сопрузи зад себе и професионална кариера пред себе. Таа нема место за љубовни случувања.
Сè ги спротиставува, а тие се создадени еден за друг.
Петок 7 декември 2012, 20 часот
Кино „Фросина“
„ИМЕ“
на Александар Де Ла Пателиер (2012)
Со Патрик Бруел, Валери Бенгиги, Шарл Берлен.
Венсан, четириесетгодишник, наскоро за првпат ќе постане татко. Сетра му Елизабет и зет му Пјер го покануваат на вечера, каде ќе се сретне со Клод, пријател од детството. Кога ќе ко прашаат Венсан дали веќе се одлучил за името на нероденото дете, неговиот одговор ќе направи хаос во семејството.
Сабота 8 декември 2012
Кино „Фросина“ 20 часот:
„ЉУБОВЏИИ“
на Риас Сатуф (2009)
Со Венсан Лакост, Антони Сониго, Алис Тремолиер.
Ерве е просечен четиринаесеттогодишник. Тој е воден од своите нагони, физички е непривлечен и живее со мајка му. Целосно е обземен со мислата како да излезе со девојка. Еден ден, тој се наоѓа во ситуација да и се допадне на Орора, една од наубавите девојчиња неговиот клас…
22 часот:
„ГОСПОЃИЦА ШАМБОН“
на Стефан Бризе (2009)
Со Венсан Лендон, Сандрин Киберлен, Ор Атика.
Жан е добар човек: примерен ѕидар, син, татко и сопруг. Во неговото мирно секојдневие, помеѓу семејството и работата, тој ќе ја сретне госпоѓица Шанбон, учителка на неговиот син. И двајцата ќе бидат немоќни пред напливот на силните чувства меѓу нив.
Недела 9 декември 2012, 20 часот
Кино „Фросина“
„ВЕРНО НА ОРИГИНАЛОТ“
на Абас Кјаростами (2010)
Со Жилиет Бинош, Вилијам Шимел, Жан-Клод Кариер.
Џејмс е педесеттогодишен англо-саксонски писател. Тој во Италија држи предавање на тема за тесните врски помеѓу оригиналот и копијата во уметноста. Тој сретнува една сопственичка на галерија со француско потекло и заминуваат заедно на неколку часа во Сан Џимињано, селце во близината на Фиренца.
Како да се разликува оригиналот од копијата, реалноста од фикцијата ?