Kраткиот филм „Епизодист (Bit Player)“, во режија на Игор Алексов и во продукција на „Kвазар филм“ од Скопје е прогласен за најдобар меѓународен краток филм на фестивалот за краткометражни филмови „Холивуд шортс“.
„Епозодист“ победи во селекција на 24 филма, односно повеќе од 300 кратки филмови кои се прикажуваа во театарот „Грауман“, во Лос Анџелес.
Сценариото за филмот е на Александар Русјаков, а во него играат: Јана Стојановска, Предраг Павловски, Силвија Стојановска и Игор Ангелов.
„Епизодист“ пред македонската публика ќе биде претставен во ревијалната селекција на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.