Центарот за култура „Mарко Цепенков“ од Прилеп на барање на граѓаните, на барање на граѓаните ја организира премиерата новиот македонски игран филм во режија на Столе Попов.
Во петок, 31 октомври од 19.30 часот во киното Мис Стон , при ЦК,,Марко Цепенков,, премиерно ќе биде прикажан новиот македонски игран филм,, ,,До Балчак,, . Проекции на филмот ќе има до 9 ноември секој ден од 19.30 часот.
Премиерата на ,,До Балчак,, доаѓа по претходноите проекции на другиот игран македонски филм,, Деца на сонцето,, во режија на Антонио Миутрикески.
Податоци за филмот
Режија: Столе Попов
Продицент:Данчо Чевревски,Миливое Ѓорѓевиќ
Сценарио: Горан Стефановски,Столе Попов
Настапуваат:
Ити Срај
Сашко Коцев
Мартин Јордановски
Тони Михајловски
Искра Ветерова
Сенко Велинов
Мики Манојловиќ
Никола Којо
Никола Ристановски
Драган Спасовски-Дац
Гораст Цветковски
Музика: Дуке Бојаџиев
Монтажа: Атанас Георгиев,Благоја Неделковски
Дејствието на филмот се случува во првата декада од XX век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат ,,до балчак,,. Поточно, се е во знакот на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: ,,Ебати животот, ако не си спремен да умреш за негo,,. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја, исполнет со историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот ,,Амerican Western“ или нешто што слободно би можеле да го наречеме „Маcedonian Eastern“, ова е филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.