Четкар синоќа настапи во Гевгелија

Владимир Четкар ,  македонскиот  мулти – талентиран професионален музичар, композитор, аранжер, вокал и гитарист, во рамките на манифестацијата „Гевгелија – град на културата“, во вчеравечер (неделата, 21 август 2011 година) гостуваше за прв пат во Гевгелија.

Овој роден охриѓанец, во текот на своето детство, свири виолина и е под големо влијание на џез, фанк, соул и диско бендови и музичар, Подоцна во животот, Владимир оди во САД за да студира на  Беркли Колеџот за музика.Таму, тој се фокусира на современиот звук и свирење гитара како негов главен инструмент.

Неговиот албум од 2008 година, ние никогаш нема да завршиме, доби спектакуларна  критика во светот и се промовира како еден од најмногу ветувачките  имиња во џез-фанк соул-жанрот.

Четкар во Гевгелија настапи со своето трио во кое беа Гоце Стефковски на тапани и Оливер Јосифовски на бас гитара. Ја воодушеви публиката со виртуозното свирење и пеење теми кои се движеа од песните на Џорџ Бенсон, Кул енд д ганг, Стиви Вондер, па се до евергринот „Прекрасната Марија“ (Beautiful Maria) од филмот „Мамбо кралевите“ (Mambo king’s).

You May Also Like