АРТ ФЕСТ – понеделник и вторник 20:30 часот Центар за култура – изложбен салон
Почнува последната недела на најдолгото и најбогато со содржини културно лето во Битола. После прекрасните концерти на „Фолтин“ и „Љубојна“ и големото раздвижување во Битола, како и богатата музичка програма понудена на децата на 12-тото издание на фестивалот „Тра ла ла“, во понеделник, за прв пат дел од програмската содржина на Бит Фест ќе биде и АРТ ФЕСТ.
АРТ ФЕСТ ја прикажува уметноста, на веќе докажаните млади уметници од Битола: Јане Крстески, Ленче Крстеска, Петар Рајчиноски и Иван Поповски.
Овие уметници млади според возраст, но со многу дела зад себе, во изложбениот салон на Центарот за култура ќе изложат резби, слика на платно и фотографија. Изложбата ќе биде отворена во понеделник во 20:30 часот.
М-р Јане Крстески во изложените резби ја претставува Македонија, претставува Пафта, Свети Климент.
Изложбата слика на платно изработена од М-р Ленче Крстеска содржи: триптих, Богородица со Христос, Света Петка, Царски двери. Изложбата на резби од Петар Рајчиноски прикажува: Ангел, лоза, го претставува Свети Климент, китабе и флора со черџе. Изложбата на фотографија е на Иван Поповски и содржи портрет и карикатура.
Арт Фест е во организација на Младински европски форум, а за прв пат оваа година е во програмата на БИТ ФЕСТ, со што се докажува дека Битолското културно лето и Градоначалникот под чие покровителството истото се одржува, им даваат поддршка на младите уметници кои премногу вложиле и вложуваат во уметноста.