Четири жанрови и четрири одлични глумци од денеска во Синеплекс

Од денеска (четврток, 17 април) во Синеплекс премиерно се прикажуваат филмовите „Ное“, „Саботажа“, „Виртуелна свест“ и „Паранормална активност 2“.

noe_film

 

Инспириран од епската приказна за храброста, жртвувањето и надежта, Дарен Аронофски ја претставува својата визија за приказната за Ное. Добитникот на Оскар, Расел Кроу го глуми избраникот во мисијата за спасување на светот по апокалиптичната поплава. Филмот „Ное“ е неверојатна визуелна авантура која ни ја носи вечната тема за доброто и злото, разорување и милосрдие, надеж, семејство и добивање на втора шанса. Првиот филм „Арката на Ное“ е снимен во 1928 година и е спој на холивудската визија за библискиот потоп и драмата од Првата Светска Војна. Подоцна Дизни сними неколку краткометражни филмови, неколку цртани и комични варијации, но никогаш никој во својата величина не визуелизирал ваква авантура, ниту пак се занимавал со сржта на мотивите од човечките недостатоци, човечката снага и божјото проштевање. Аронофски за филмот изјавува: „Гледачите можат да очекуваат големи моменти од
приказната за Ное, арката, животните…но, се надеваме дека ќе ги маѓепса новиот пристап. Наместо повторување на познатото, внимателно ја проучивме „Книгата на Постанокот“ и го создадовме она каде чуствувавме дека такви чуда навистина можеле да се случат“.

Режисерот Давид Ајер е познат по реалистичниот приказ на животот во филмот End of Watch. Овој пат го носи филмот „Саботажа“, акционен трилер кој го следи еден од најдобрите тимови на светот, на елитни специјалци, односно десет агенти на Агенцијата за сузбивање на дрога (DEA).
Елитниот тим изведува тактички напад во осигураната куќа на нарко дилери, за која се установува дека е всушност софистицирана кражба која ја испланирале самите членови. Откако ќе ги сокријат украдените 10 милиони долари, агентите веруваат дека се сигурни – се додека некој не почне методично да ги убива членовите, еден по еден. Додека бројот на мртви расте, сите се
осомничени, вклучувајќи ги и самите членови на тимот. Шварценегер за искуството во филмот изјавува: „Сè што работевме беше автентично.
Прецизноста е неверојатна. Давид ќе ви подготви материјал кој треба да го прочитате, документарци кои треба да ги погледнете сè додека нè нурнете во светот на сеопфатна обука и додека не почнете да го сфаќате тој специфичен начин на размислување. Дури по тоа доаѓа до дискусија како ќе изгледаме и што да облечеме за секоја сцена.“

Во четврток пристига и научната фантастика „Виртуелна свест“ со актерот Џони Деп во главната улога. Доктор Вил Кастер е истражувач кој има за цел да се создаде машина со вештачка интелигенција и човечки емоции кои може да ги надмине способностите на човечкиот мозок. Во својот обид да го убијат д-р Кастер, членовите на една радикална организација му даваат посебен
поттик да успее во својот експеримент – му овозможуваат и самиот да земе учество во неа. Гладта за знаење на Вил се заканува да прерасне во незамисливи граници, давајќи му незамислива моќ…

Љубителите на комедии ќе можат да го погледнат „Параненормална активност 2“. По истерувањето на ѓаволот од својата поранешна сопруга, Малколм започнува нов живот со нова девојка и нејзините две деца. Младиот заљубен пар се сели во нова куќа од соништата каде што сè е како што треба, сè додека не почнува да го мачи нова паранормална активност. Параненормалните актвиности се повеќе откачени, забавни и параненормални од првиот дел.

You May Also Like