Ректорот на УКИМ се сретна со новиот кинески амбасадор

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски деновиве оствари средба со ново назначениот амбасадор на НР Кина во Република Македонија Н.Е. Вен Џеншун.

rektor_ukim_kineski_ambasador

Датумот на средбата се совпадна со првата годишнина од основањето на Институтот „Конфуциј“. На средбата се разговараше за соработката помеѓу УКИМ и Амбасадата НР Кина во Република Македонија, особено за работата и дејноста на Институтот „Конфуциј“, кој е основан во соработка со Централата на Институтите „Конфуциј“(Ханбан) и партнер универзитетот Југозападен универзитет за финансии и економија од Ченгду. Исто така, беше изразено задоволство од успешната работа на Институтот во изминатата година благодарение на поддршката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорот на УКИМ и претседател на Управниот одбор на Институтот, Управниот одбор, Амбасадата на НР Кина во Република Македонија, Ханбан и владите на двете земји.

На средбата, исто така беше истакнато дека досегашната поддршка и соработка ќе продолжи и во иднина со цел понатамошен развој на Институтот и во таа насока беа разменети идеи за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во сферата на високото образование

You May Also Like