Едно од најголемите дуо имиња во историјата на денс и електронската музика и добитниците на Греми награди, DEEP DISH, по долги шест години пауза, повторно ги обединуваат силите, а една од станиците на ексклузивната турнеја која ги опфаќа настапите во Мајами, Лас Вегас, Торонто и Монтреал е токму – Денс Арена, Нови Сад, Србија.
Ова хаус дуо на последниот ден од ЕГЗИТ фестивал носи низа еминентни музички имиња, како што се BETTER LOST THAN STUPID – Davide Squillace vs Martin Buttrich vs Mathias Tanzmann, JAYMO & ANDY GEORGE и WAZE & ODDYSEY!
Денс Арената на најдобриот европски фестивал ги претставува специјалните „бек ту бек“ настапи, организирани по повод 15. издание на ЕГЗИТ! По Wild Life вечерта на составот Disclosure, која ќе ја окупира Арената во четврток, журката на вториот ден од фестивалот ќе ја продолжи еден од омилените диџеи на ЕГЗИТ фестивал во рамки на вечерта Carl Cox vs Friends. Наредната вечер ќе не потресе Грозница на саботната вечер, а извор на заразата ќе биде суперпопуларниот Afrojack, за потоа во недела „бек ту бек“ настапите да ги предводи славниот диџеј тандем Deep Dish!
Ако во 2009. бевте дел од историјата на Денс Арена, сигурно се сеќавате кога ЕГЗИТ беше ПРВИОТ фестивал кој ги спои неверојатните таленти во единствен лајнап со „бек ту бек“ изведувачи. Никој до тогаш немаше изведено подвиг од таков размер. Подгответе се, втората рунда на овие возбудливи настапи почнува на 10. јули на Петроварадинската тврдина!
DEEP DISH ака Sharam и Dubfire, по шест години пауза, го најавија продолжението на својата соработка со новиот сингл ‘Quincy’, како и Deep Dish Reunion журката во Мајами, која претставуваше најисчекуван настап на славната конференција на електронска музика, Winter Music Conference. Иранско-американското дуо, од моментот кога се запознаа во почетокот на деведесеттите, веднаш ја освоија хаус сцената. Еден од најголемите успеси во музичката индустрија – Греми наградата ја добија за ремиксот на синглот “Thank You” (Dido). Списанието „Ролинг Стоун“ за нив напиша дека „Најверојатно не постои подобар диџеј тандем од Deep Dish“, додека на почетокот на оваа година Pete Tong на „Би-би-си Радио 1“ рече дека Deep Dish е „едно од најголемите дуо имиња во историјата на денс и електронската музика“.
Тројката BETTER LOST THAN STUPID, т.е. Squillace-Buttrich-Tanzmann претставува најсвежиот колектив на „тешкаши“ од редовите на хаус и техно диџеите, кој настапува во специјален и нестандарден „бек ту бек ту бек“ состав од 2010. година. Како посебни изведувачи, овие музичари ги поминаа микс-пултовите на најголемите светски клубови и фестивали, додека настапите како Better Lost Than Stupid се ретки, ексклузивни и го редефинираат поимот диџеј сет, особено поради кокетирањето со „лајв“ настапот.
JAYMO & ANDY GEORGE
Од своето запознавање во 2008. Jaymo и Andy George не само што ја покренаа една од најатрактивните британски музички етикети, издавачката куќа „Moda“, туку веќе организираа и журки ширум целата планета, настапија во живо на „Би-би-си Радио 1“, ја лансираа етикетата „Moda Black“, продуцираа кавер ЦД за „Миксмаг“ и обезбедија две најважни резидентури на светот: We Love… Space на Ибица и лондонскиот Fabric. Покрај објавувањето на проверени артисти како што се Maxxi Soundsystem и Eats Everything, Jaymo и Andy George открија и поворка од нови млади исклучителни таленти како Hot Since 82, Mia Dora и Disclosure.
WAZE & ODDYSEY
Откако се зближија јадејќи хамбургери на крајот од 2011. година, Waze и Oddysey за само 12 месеци го поминаа патот од анонимен „Саундклауд“ профил до највозбудливи електронски изведувачи. На тој пат објавија повеќе одлично критички прифатени синглови, направија ремикси за изведувачи како што се Disclosure и T.E.E.D., настапија на сите континенти и станаа регуларни гости во емисиите на Pete Tong, Annie Mac и Skream.
