Цртежи од Роберт Дандаров во Музејот на Град Скопје

„100 Цртежи“ е насловот на изложбата на Роберт Дандаров што вечер (петок, 31 август 2012 година) во 20:00 часот ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје.

Цртежите Дандаров ги изработил во последниве две години, на хартија во комбинирана техника.

Роберт Дандаров е еден од најзначајните македонски уметници што живеат и работат во странство. По завршувањето на Американската академија за уметност во Чикаго и на Националната академија за дизајн во Њујорк, тој ги излага своите дела во САД, Белгија, Германија и во Доминиканската Република. Во Македонија се претставува со свои самостојни изложби во Музејот на современа уметност (Скопје, 2002) и Националната галерија (Скопје, 2009).

Изложбата „100 цртежи“ од Роберт Дандаров ќе биде отворена до 15 септември годинава.

You May Also Like