Вечерва (понеделник, 18 март) со почеток во 18:00 часот, во Домот на АРМ ќе се одржи целовечерна манифестација на која македонските поети ќе застанат зад „Одбрана на вистината за македонија, македонскиот идентитет, македонското име и македонскиот јазик“.
Ќе настапат вкупно 24 поети, меѓу кои и: Мирче Нешовски, Михаил Ренџов, Радован Павловски, Горан Анчевски, Тодор Чаловски, Панде Манојлов, Александар Прокопиев, Владимир Мартиновски, Науме Радически, Трајче Кацаров и многу други. Актерот Мите Грозданов ќе ја презентира поезијата на Хорхе Падрон, Сретен Перовиќ, Мирче Нешовски и Саме Лимани Жарноски, а ќе го презентира и Меморандумот.
Следува настап на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, по што следува трибината на тема „Одбрана на вистината за македонија, македонскиот идентитет, македонското име и македонскиот јазик“.
Доколку сте во можност посетете го и уживајте во овој целовечерен поетски настан во Домот на АРМ.