Хуманитарен концерт „Со помош до нов живот“ за Марга Велеска

Марга Велеска е 26 годишна девојка која боледува од церебрална парализа. За да се подобри нејзината здравствена состојба потребен и е третман со пресадување матични клетки во Русија. За таа цел се организира хуманитарен концерт на кој ќе настапат Културно уметнички работници, Foolish Green, Steel Temple, Fusnota, Тотално Опуштање и Верка.

Концертот ќе се одржи следниот вторник (23.10.2012) во Хавана, со почеток во 21:00 часот. Картата е 150 денари.

You May Also Like