Претставите „Стаклена менажерија“ и „Тетоважата Роза“, синоќа (четврток, 30 август 2012 година) во Виница беа дел од понудата на фестивалот „Слободна зона 3“.
Освен двете претстави, посетителите на фествалот, во Домот на културата „Тошо Арсов“ можат да ја проследат изложбата на стрип табли, а во тек е и изложбата на фотографии на Наташа Гелева од Скопје под наслов „Елегија за старата железничка“.
Во вечерните часови ќе биде изведена театарската претстава „Во потрага по Данил Хармс“, испитна претстава по актерска игра на студенти од трета година на ФДУ од Скопје.
Фестивалот завршува утре со изложбата на дела од Втората меѓународна керамичка колонија „Св Андреj“ што ја организираше Музејот „Теракота“ од Виница.
Во вечерните часови ќе биде одржан концерт на винички рок групи. Како гости ќе настапат Сашко Костов и групата „Паркети“ од Битола.
Фестивалот „Слободна зона“ е поддржан од Општина Виница и градоначалникот Емил Дончев.