Вечерва (понеделник, 2 јули) на програмата Бит Фест во Битола, ќе може да ги проследите следните настани:
Отворено летно кино – МИОЦ, Летна сцена Тумбе кафе 20:30 часот.
RocknRolla,
– RocknRolla е крими филм од 2008г. режиран од мајсторот Guy Ritchie, и главни улоги Gerard Butler, Tom Wilkinson, Mark Strong, Toby Kebbell, Tom Hardy, Idris Elba, Karel Roden, и Thandie Newton.Премиерата беше на 5 септември 2008г. во Велика Британија искачувајки се на првото место на бокс офисот после првата недела од прикажувањето.
Концерт на џез музика „Гоце Мицанов квартет“
КЦ Магаза 22:00 часот
„Креирање на аудио библиотека на книги“
НУУБ Св.Климент Охридски 10:00 часот
02.07 -31.08.2012
Камерен ансамбл „Ad libitum art“
Двор на АРМ 21:00 часот
Ad Libitum art – vokalno instrumentalen sostav pri Makedonsko naucno druшtvo
Вокално – инструментален состав „Ad Libitum art“ при МНД – Битола – Центар за едукација и обука – уметнички оддел под раководство на Д-р Екатерина Јосифовска.
Поттикнати од потребата за збогатување на културно – музичкиот живот во Битола и пошироко на иницијатива на неколку ентузијасти, во рамките на МНД – Битола – Центар за едукација и обука – уметнички оддел под раководство на Д-р. Екатерина Јосифовска, во септември 2010г. се формира вокално-инструменталниот состав „Ad Libitum art“ во кој членуваат реномирани професори – музичари.
Целта на егзистирањето на ансамблот, кој во перспектива планира да се проширува и развива, е презентирање на македонската музичка култура и интегрирање во светската музичка култура со негување на вокално – инструментални композиции од македонски и странски автори од сите жанрови.
За време на своето постоење, “Ad Libitum art” зеде учество во повеќе манифестации меѓу кои:
– Активности во 2010 година: Свечена Академија по повод 50 години од постоењето на МНД – Битола и целовечерен концерт.
– Активности во 2011 година: Учество на музичко – поетскиот рецитал, посветен на депортацијата на Евреите од Битола 1943г.; Бит Фест; Меѓународен симпозиум “Образование на 21 век”.
– Активности во 2012 година: Смилевски конгрес; Комеморација за Даме Груев; Комеморација за Ѓорѓи Сугарев; Свечено отворање на новите простории на Бизнис Академијата Смилевски.
Име на проектот: Let’s go crazy – музички колаж “Ad Libitum art”
ПРОГРАМА
1. Херувимска песна – Литургија на Св. Јован Златоуст
муз. Атанас Бадев
2. Битола, мој роден крај
муз. и текст: Ајри Демировски, арр.Ad Libitum art
3. Na dumanica seara
Влашка народна песна арр. Н.Баљари/Л.Трајковска
4. Guantanamera
муз. и текст: Fernandez/Marty, арр. Mario Thürig/Б.Павлова
5. Hava nagila
Еврејска народна песна
6. Рјабинушка
Руска песна
7. Englishman in New York
муз. и текст: Godley/Creme, арр. Mario Thürig
8. Just a gigolo
муз. и текст: Louis Prima, арр. Mario Thürig
9. Fever
муз. и текст: Davenport/Cooley, арр. Mario Thürig
10. Who wants to live forever
муз. и текст: Queen/Brian May, арр. Mario Thürig
11. Sweet dreams
муз. и текст: Eurhitmix, арр.Билјана Павлова
12. Je veux
муз. и текст: Kereddine Soltani
13. Hit the road Jack
муз. и текст: Percy Mayfield, арр. Mario Thürig
14. Don’t worry, be happy
муз. и текст: Bobby McFerrin, арр. Лилјана Досевска