На Правниот факултет „Јустинијан Први” во сабота (10 ноември, 2012) ќе се одржи хуманитарна забава со цел реновирање на студентските читални во студентските домови.
На забавата се поканети сите студенти кој студираат на УКИМ кои со секој купен пијалок донираат средства за реновирањето на читалните. Во согласност од собраните средства, приоритет ќе биде реновирање на систмот за греење и инвентарот во студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“.