Продолжува реализацијата на проектот Превод на 1000 стручни книги

Новите 11 наслови се од областа на математика, туризмот, економија, ликовна уметност и биотехничките науки.

promocija na knigi 1000 naslovi Proekt_prevod_na_1000_strucni_knigi

Денеска во Библиотеката „1000 книги“ во ГТЦ  беа промовирани нови 11 наслови од проектот за превод на 1000 стручни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот.

Новите наслови се од областа на математика, туризмот, економија, ликовна уметност и биотехничките науки.

Проектот кој ќе се прошири со уште 200 учебници, целосно ќе биде завршен завршен на почетокот на 2015 година.

– Во новата Владина програма, во иднина нема да бидат 1000, туку 1200 книги, затоа што планираме во овој мандат дополнителни книги и учебници од овој тип, истакна премиерот Никола Груевски.

Овој проект, кој е од исклучително значење особено за нашите студенти, влегува во завршна фаза и се очекува некаде до почетокот на следната година, да бидат промовирани сите предвидени 1000 изданија, рече министерот за образование и наука Абдилаќим  Адеми.

извор: Курир

You May Also Like