Македонија дел од проект на УНЕСКО, финансиран од страна на ИПА фондовите

Денес, (среда, 7 ноември) министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во 10:00 часот во просториите на „Порта Македонија“ ќе се обрати на прес по повод активностите на Министерството во рамките на проектот „Зајакнување на културното наследство преку планирање на животната средина и менаџмент – ШЕРПЛАН”.

На пресот ќе биде присутна и г-ѓа Серена Кутрано, директор на Регионалната единица во организацијата „Регион Фриули Венециа Џулиа“ од Италија. Станува збор за проект кој е поддржан од УНЕСКО, финансиран со ИПА средства од Европската Унија и се имплементира во рамките на Транснационалната програма за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа.

Министерството за култура учествува во овој проект заедно со 13 партнери од неколку земји од Европа и од регионот, односно од Италија, Австрија, Словенија, Црна Гора, Албанија и од Грција, и водечкиот партнер од Италија, организацијата „Фриули Венеција Џулиа“.

Во рамките на проектот избрани седум локации кои претставуваат дел од богатото културно наследство на инволвираните земји и за тие споменични целини ќе се имплементираат различни активности како дел од пилот – проекти спроведени во рамките на „ШЕРПЛАН”.

Во Македонија, за место во кое ќе се спроведуваат активностите на пилот – проектот е избрана значајната споменична целина Стара чаршија во Битола, која во времето на Отоманската Империја била главен трговски центар, а денес претставува исклучителна туристичка атракција.

You May Also Like