Хуманитарна акција „Отвори го срцето, подари детство“

Во организација на иницијативата „СОЛИС социјална иновација“ во кафе „Кино Карпош“ в сабота (6 април 2013) од пладне до полноќ ќе се одржи донаторска акција под наслов „Отвори го срцето, подари детство“.

Акцијата има за цел собирање донации на обувки, облека, школски прибор, спортски реквизити и хигиенски средства и сл. за децата од домовите за деца без родители и заводи за згрижување и воспитување на деца и младинци, кои немаат основни средства за нормален детски живот.

Да им подариме барем малку радост на овие дечиња преку најразлични донации, кои потоа ќе бидат класифицирани и распределени по домовите според нивните потреби – се вели во соопштението на Солис.

Ако детството за повеќето од нас претставува збир на убави спомени на кои сентиментално се навраќаме, за други пак претставува тажна приказна која остава лузни.

Ова е третата од серијата акции на “СОЛИС социјална иновација” кои опфаќаат различни домови за деца.

You May Also Like