Концерт на дуото „Арс нова“ во Музејот на град Скопје

Концертот на дуото Арс Нова од Бугарија, (Сета Балтајан – виолончело, професор Маја Патронева – пијано) ќе се одржи денеска (четврток, 08 ноември) во Музејот на Град Скопје со почеток во 20:00 часот. Концертот е во организација МКЦ.

Членовите на камерното дуо „Арс Нова“ музицираат заедно веќе неколку години назад. Имаат реализирано голем број на концерти на реномирани фестивали во Бугарија и странство.

Сета Балтајан (виолончело) дипломирала на  Московската консерваторија во класа на светски познатиот  виолончелист Мстислав Ростропович. Таа е единствениот бугарски виолончелист, лауреат на  големиот меѓународен конкурс „Чајковски”.  Концертирала со голем успех в много земји на Европа, САД и Канада. Участвувала и со свои рецитали  и како солист со симфониски оркестри на многу престижни меѓународни фестивали. Има одржано голем број на семинари за виолончело и камерна музика в САД, Канада и Бугарија.

Има реазлизирано  голем број на аудио снимки за   Бугарското национално радио и Бугарската национална телевизија.

Маја Патронева (пијано) дипломирала на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров” во Софија. Специализирала во „Scola Cantorum“ во  Париз во класата на проф. Надја Тагрин и во „Santa Cecillia“ во Рим кај проф. Гуидо Агости. Зад себе има реализирано огромен број на концерти како солист со Бугарски и странски оркестри. Како камерен изведувач има настапувано во скоро сите Европски земји и Азија. На  нејзиниот репертоар се повеќе од 90 клавирски триа, 30 квартети и  квинтети и многобројни сонати.

Има реазлизирано аудио снимки за Радио Софија, Радио Варшава и има издадено  плоча со современа италјанска музика од  Дојче грамофон.Од 1996 год. е професор по камерна музика на НМА „Панчо Владигеров”, а од 1999 е  раководител на катедрата по Камерна музика на Инструменталниот факултет на НМА.

На програмата се дела од Бетовен, Брамс и Шостакович.

You May Also Like