Три мали сестрички се сместени во домот „11-ти Октомври“. Најмалото има само две ипол години, другите две шест и седум. Хуманитарната акција за нив ќе се одржи в сабота, кај паркчето кај Форум на Рекорд (кај Водовод) од 10:00-15:00 часот.
Девојчињата имаат потреба од милион работи, а хуманите луѓе може да им се најдат со облека и играчки. Облеката е најкоректно да биде испрана и спакувана, со ситен раст се трите, а најспецифично е малото бидејќи домот е најдефицитарен со облека за таа возраст.