„Танец“ гостува во Битола

Вечерва (петок 09.11.2012 година), во Големата сала на Домот на културата, со почеток во 20:00 часот, е најавен голем концерт на ансамблот за народни песни и игри „Танец“. Настанот е во организација на НУ Центар за култура – Битола.


„Танец“ е симбол на македонската култура и уметност, во шест децении на своето постоење е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво низ целиот свет. Концертот на „Танец“ претставува една одлична прилика за уметничко обогатување на духот.

You May Also Like