Денеска (29 јуни, недела) во рамките на Бит фест 2014 во периодот од 19:30 – 23:00 часот на Широк Сокак е се одржат улични перформанси од „Баскер Фест“.
Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, и започнувајќи од 2006 Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид на фестивал.
БАСКЕРФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Дебито на Баскерфест се случи во 2006 година и се покажа како успешно заокружување, со програма во која беа вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери. Оваа традиција продолжува секоја година со сѐ повеќе учесници од различни земји во светот, како што се Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија, Боливија и други земји.
Баскер ја пречекува публиката не само со улични артисти и музика во живо, но и со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници!
Баскерфест е добитник на македонските “Superbrands” награди за 2011/12 и низ годините прерасна во претставителен културен бренд на Македонија, со повеќе од 100 уметници од целиот свет пред повеќе од 100.000 посетители секоја година!
Новиот предизвик доаѓа со дел од најатрактивните светски „street“ уметници подготвени да не забавуваат и воодушеват со фантастичните настапи. Баскер е подготвен за нови уживања во спектакуларната комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти. Пред вас е големиот настан за целото семејство, кој ги поврзува луѓето од сите возрасти, па без разлика на сѐ, бидете сигурни дека не смеете да го пропуштите најспектакуларниот фестивал на годината.