Во среда (13 февруари, 2013) во клубот Хавана, со почеток во 21:00 часот ќе се одржи голем хуманитарен концерт „Од срце за Филип“.
Концертот ќе се одржи на 13 февруари – ноќ пред св. Валентин и св. Трифун во клубот Хавана. Средствата кои ќе се соберат од продажба на влезниците ќе бидат донирани за лекувањето на Филип.
На концертот ѕвездите кои ќе пеат за Филип се: Влатко Илиевски, Викторија Лоба, Бени, Роки и пријателите, Eye cue, Тамара Тодевска и уште многу други.