МКЦ ќе ја претстави Македонија на филмски фестивал во Италија

МКЦ е повторно дел од европски меѓународен проект, именуван, „МОСТ“, кој започна во месец февруари, годинава. Учеството на МКЦ во овој проект е во рамките на главната програма, краток филмски фестивал, кој ќе се одржи кон крајот на октомври 2012 во Фиренца, Италија. Овој фестивал во склоп на проектот „МОСТ“ има тенденција да ја опфати поновата балканска филмска продукција.

Прикажувањето на современата балканска филмска продукција како своевиден израз на уметност, со акцент но истовремено и како нова визија за западниот Балкан со цел да се надминат стереотпите за овој регион, кои за жал, сè уште се длабоко вкоренети ширум Европа.

Филмскиот фестивал, ќе биде организиран заедно со Festival dei Popoli, еден од најважните и воедно најстарите фестивали на документарен филм во Италија (www.festivaldeipopoli.it) како и Fondazione sistema toscana (http://www.fondazionesistematoscana.it) која претставува непрофитна фондација за развој на Тосканскиот регион, а во чија пак, организација, секоја година се одвива фестивалот „50 дена на меѓународна кинематографија“ во Фиренца (http://www.mediatecatoscana.it/50giorni2009.php), каде оваа година, како посебна програма се издвојува и краткиот филмски фестивал посветен на Балканската кинематографија. Балканскиот филмски фестивал ќе трае четири дни, а во Фиренца ќе се прикажат повеќе од дваесетинатина филмови внимателно селектирани како претставници од богатите кинематографии на земјите од Балканот.

Балканскиот Филмски Фестивал претставува меѓународен проект кој се темели на големата потреба за надминување на стереотпините гледишта на италијанската филмска публика за балканскиот регион. Концептот а фестивалот е насочен кон продлабочување на знаењето на граѓаните на Италија за социјалните, социоекономските, општествените и политичките феномени на идните земји членки на ЕУ од Западен Балкан: БиХ, Црна Гора, Србија, Македонија и Албанија, како и Словенија и Хрватска кои се веќе членки на ЕУ.

Од гледна точка на Италија, како земја членка на ЕУ, овие земји се од мошне важно значење поради географската близина, како и долгогодишните бизнис и политички релации. Еден од најважните чинители во контекст на културната размена и проширувањето, размената на конкретните информации за едно општество е седмата уметност. Од друга страна, Тоскана како регион и Фиренца во минатата деценија се доживуваат како места за одлична промоција на меѓународната кинематографија и документаристика.

Причината за одржувањето на Балканскиот Филмски Фестивал во Фиренца, а во иднина и во останатите градови ширум Италија е запознавање на италијанската јавност со најдобрите играни и документарни филмови од националните продукции на земјите од Западен Балкан. Истовремено, фестивалот ќе организира јавни дебати, трибини, тркалезни маси, изложби, концерти и ќе овозможи одлична платформа за идни културни размени. Темата на активностите ќе биде фокусирана на предностите на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан како и иднината на земјите членки на ЕУ.

You May Also Like