„Волкот и седумте јариња“ на репертоарот на Охридскиот театар

Центарот за култура “Григор Прличев”- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава “Волкот и седумте јариња” во САБОТА, 29-ти Март 2014 година, почеток 12.00 часот.

volkot_i_sedumte_jarinja_centar_za_kultura_ohrid1

Претставата е наменета за најмладите, а премиерно беше прикажана во месец декември 2013 година и истата прифатена од многубројната публика.

Детската балетска претстава е во организација на НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид, а поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија.
Времетраењето на детската балетска претстава е 45 минути.

Директор, м-р Драгана Боцеска
Кореограф, Јулија Милески
Костимограф, Мирослав Рувиноски
Сценографија, Сидороски Љупчо
Музика, Јовица Караклиевски

You May Also Like