„Дива и несмасна љубов“ со „Фолтин“ во Хавана

В четврток (14 февруари, 2013) во клубот Хавана со почеток во 23:55 часот, култниот битолски состав „Фолтин“ ќе одржат концерт „Дива и несмасна љубов“ со што ќе го промовираат својот последен албум „Антитело“.

Со 5 успешни издадени албуми позади ниви по речиси 5 години пауза од нов материјал,македонската публика на 14ти Февруари ќе има прилика да ужива во новиот албум на Фолтин, „Антитело“ со кој имаа невидено успешна промоција во декември 2012.

Шестте нумери од „Антитело“ се спакувани во страсно, преубаво и прекратко (20 минутно) времетраење, па овој повеќечасовен концертен настап ќе биде надополнет со сите хитови од претходните.

You May Also Like