Хуманитарен концерт на прилепското музичко училиште за Трескавец

Вечер, (28 февруари,четврток) од 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ хуманитарен концерт за обнова на манастирот Трескавец ќе одржи основното музичко училиште ,,Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп.

На концертот ќе настапат поголемиот дел од професорите на училиштето кои ќе се претстават  со композиции од повеќе жанрови: класична музика, џез, блуз, латино, боса нова, етно, поп, рок, танго и народни ора.

Влезниците се по симболична цена од 50 денари, а собраните средства ќе бидат донирани на сметката за обнова на изгорените конаци на Трескавец.

You May Also Like