Промоција на избрани дела од Тодор Чаловски во Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид …
Вечерва (среда, 30 јули 2014 година), во 20:00 часот, во Домот на културата „Григор Прличев“ ќе се оддржи промоција на „Избрани дела“ од истакнатиот писател, есеист и поет Тодор Чаловски.
Во петте тома (ПОЕЗИЈА, КРИТИКИ И ЕСЕИ, ПРЕВОДИ И ПРЕПЕВИ, КНИЖЕВНИ РАЗГОВОРИ, и ТОЛКУВАЊА) се толкува и критички артикулира неговото книжевно дело, кое според бројот на прилозите и обемот на текстовите првенствено е фокусирано врз поезијата, но и на некои други жанровски домени на неговата творечка преокупација ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев, а избор поезија ќе читаат Пере Ристески и Валентина Кузманоска.