Средношколците од „Арсени Јовков“ од Скопје (вчера, 26 февруари) пред своите соученици ги прикажаа филмовите, кои ги сработија преку креативните работилници организирани во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Филмовите, прикажувајќи различни ситуации поврзани со животот на средношколците, јасно ја пренесуваат пораката за почитување на различностите.
Околу 300 млади во холот на средното училиште, во тие мигови, без оглед на различната етничка припадност, беа едно. Ветуваат дека овие мигови ќе потраат, и тоа долго.
Филмовите и настанот во СОУ Арсени Јовков, воден мајсторски од најактуелните актери во Македонија во овој момент, Сашко Коцев и Луран Ахмети, кои без двоумење прифатија да бидат дел од оваа убава приказна, треба да бидат пример за тоа како треба да се развива соживотот во Македонија.
извор: aktiv.org.mk