Хрватски експерти ќе држат коктел-обуки во Македонија

На почетокот на април, неколку кафулиња во Битола, Струмица и Штип ќе бидат домаќини на годинешниот Вигор Бармен Тренинг кој се состои од бесплатни еднодневни обуки за подготовка на коктели, во организација на Бадел 1862 – Скопје.

Обуките ќе ги оддржат еминентните хрватски коктел – стручњаци Ведран Петровиќ и Ватрослав Јакелиќ. Ведран Петровиќ е поранешен државен првак на Хрватска и еден од десетте најдобри коктел-мајстори во светот.

You May Also Like