Од денеска (петок 29 март) до 5 април (со исклучок на сабота и недела) во Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи „Недела на романски филм“. Стартот е вечер во 20:00 часот со филмот „Изгубени во транзиција“ во режија и сценарио на Кристина Ничитус.
На отворањето неделата на романски филм во ЦК,,Марко Цепенков,, ќе присуствуваат претставници од Кинотека на Македонија и директорот на Кинотека на Романија.
Во наредните денови, од понеделник, до петок, без пари, ќе се прикажат современите романски комедии:
– „Приказни од златните времиња“ во режија на Попеску, Мунџиу, Маркулеску,
– „Здраво како си“ режија Александру Мафтеи,
– „Полжави и луѓе“ во режија на Тудор Џурџиу,
– „Свадба во Бесарабија“ режија и сценарио Нап Тоадер и
– „Мечка“ во режија и сценарио на Дан Чизу.
Филмовите кои се на репертоарот се дел од посткомунистичкиот хумор со пародичен призвук, кои се обидуваат да разработат современи теми без инхибиции, но и да ја покажат огорченоста и тврдоглавоста на едно општество кое се уште е во транзиција. Други ја иронизираат комунистичката ера, други се испирирани од вистински настани, а некои се чиста фикција.
Центарот, неделата на романски филм ја реализира во соработка со Кинотека на Македонија.