Истражувања на археолошкиот локалитет Мрдаја на брегот од Дојранското Езеро

Археолошките активности се одвиваат во континуитет, трета година по ред, и се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

lokalitet_mrdaja_dojransko_ezero1

Во тек се истражувањата на археолошкиот локалитет Мрдаја, на брегот од Дојранското Езеро, кој беше откриен во 2012 година при градежните работи за проширување на градската плажа во Стар Дојран.

Носител на проектот е  НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со НУ Музеј – Гевгелија.

Богатиот археолошки движен и недвижен материјал е со хронолошка припадност во доцнобронзеното време и преодот кон железното време. Во таа смисла, досега се откриени 54 колци од палафитна населба и изработки од бронза (ножеви, српови, јадици, како и една секира), цели или фрагментирани делови од керамички садови со карактеристична  мат-обоена  декорација и специфичните амфоровидни садови богато украсени со врежување. Евидентирани се и фрагменти од керамички садови за секојдневна употреба и складирање на прехранбени продукти. Сиве овие наоди упатуваат на припадност на долновардарскиот културен круг, со временска определба во периодот од XIII до XI век пред Христа.

lokalitet_mrdaja_dojransko_ezero2

You May Also Like