Во рамките на Битолско културно лето Битфест, денеска (вторник, 31 јули) во античкиот локалитет „Хераклеа“со почеток во 20:30 часот, по седми пат ќе се одржи манифестацијата „Хераклејски поетски свечености“.
Манифестацијата годинава носи наслов „Средба на световите“ и претставува меѓународна литературна средба на околу 20 поети од земјава и странство меѓу кои: Михаил Ренџов, Љубомир Груевски, Јовица Тасевски Етермијан, Радомир Андриќ, Думитру М. Јон, Каролина Илика и други.
Во рамките на манифестацијата ќе биде доделена наградата „Поета Лауреатус“, која годинава ја понесува српскиот поет Радомир Андриќ.
Манифестацијата продолжува и во среда на 1 август со „Пладневна литературна средба“ што ќе се одржи во културниот центар „Магаза“ со почеток во 11:00 часот по што ќе следи „Вечер на Романска поезија“ на истиот простор, но со почеток во 20:00 часот.