Министрите за култура од регионот во посета на Вевчани

Министрите за култура од земјите во регионот во посета на Вевчани беа пречекани со традиционална нафора, домашни колбаси и со вевчанските зурли и тапани …

06_vevcani_640

Министри за култура и нивни заменици од регионот кои утре во Охрид ќе учествуваат на министерската конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа вечерва ја посетија Општина Вевчани.

Високите гости беа пречекани со традиционална нафора, домашни колбаси и со вевчанските зурли и тапани, а нивни домаќини беа заменик-министерот за култура на Република Македонија Драган Недељковиќ, како и градоначалникот Цветомир Угриноски кој истакна дека Вевчани има непроценливо културно-историско богатство кое вреди да се посети.03_vevcani__640x400

Министрите за култура на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Молдавија, Иван Тасовац, Мирела Кумбаро, Средоје Новиќ Анреа Златар-Виолиќ и Моника Бабуч, како и заменик-министерот за култура на Бугарија Васил Василев, ги посетија и познатите Вевчански Извори.

Во текот на утрешниот ден, тие ќе учествуваат и на министерската конференција во Охрид што ќе ја отворат министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска, како и генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова.

07_vevcani_640

Овој значаен настан претставува прва регионална министерска средба која што го потврдува спојувањето на платформата на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа со платформата за регионална соработка на УНЕСКО во областа на културното наследство.

You May Also Like