Документарниот филм „Сведоци (Канада)“ прикажан во Торонто

Компилацискиот анкетно-биографски документарен филм на историска тема е втор дел од документарната трилогија „Сведоци“ и ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада.

svedoci(kanada)_proekcija_toronto

Во саботата (25 октомври) во киното „Карлингтон“ во Торонто, во рамките на Македонскиот филмски фестивал во Канада, беше одржана проекција на долгометражниот документарен филм „Сведоци (Канада)“, снимен во продукција на Кинотека на Македонија, по сценарио и во режија на Атанас Чупоски.

Компилацискиот анкетно-биографски документарен филм на историска тема е втор дел од документарната трилогија „Сведоци“ и ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција.

Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 г., во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“.

Прoекцијaтa пoминa вo емoтивнa aтмoсферa, a режисерoт пoтoa oдгoвaрaше нa прaшaњa oд публикaтa.

svedoci(kanada)_proekcija_toronto2

You May Also Like