ФРИК Фестивал – краток филм, видео арт, перформанс и визуелна уметност (9 – 11 октомври) во Скопје

Третото издание на ФРИК Фестивал што сам по себе ги преиспитува концептите на „фестивализација“ на културата и потребата од спектакл, овој пат од 9-ти до 11-ти октомври во Скопје ги соголува врските.

Во постојаната борба за обезбедување на простор за независната култура, ФРИК Фестивал е зависен од многу врски. Врски со министерствата, врски меѓу пријателите, родителите, хипстерите, интимните врски, финансиите, заборавените простори во градот …Ах љубов!

ФРИК Фестивал зависен од независна уметност.

Вистинска треш романса!

09-11.2011
Музеј на град Скопје
Интервенција во јавен простор на дел од ѕидовите на старата желеничка станица

Ким Кестер (Германија)

Во Скопје ќе работи неколку дена на рушевините централното градско подрачје, а видео презентацијата ќе биде на затворањето на фестивалот.

09.10.2011
Железничка станица Скопје (просториите на поранешен театар Голема Станица – во моментов КУД Владо Тасевски, веднаш до поштата на железничка станица)

13:00 – 17:00 часот

Работилница
Suka off (Polska)

 

20:30 часот

Видео проекција на:
Carey Burtt (USA), P
Patrick Mendez (PT)
Mariolla Brillowska (DE)
+  Селекција на Зорица Зафировска (МКД)

 

22:00 часот

Музички перформанс (амбиентална и електронска музика).
Nouty
Amplidyne Effect

*Видео проекциите ќе бидат распределени во главната сала и соседните ходници во зависност од нивната содржина придружени со пријатен коктел. Главниот концепт на оваа вечер е видео артот како визуелна уметност, како и ФРИК патувачки центар односно критички пристап кон непостоењето на постојани простори на независни културни само-оргнаизирани центри.

10.10.2011
21:30 часот
Напуштена кино сала во Железничка зграда Скопје – во близина на ОУ Јохан Хајнрих Песталоци

22:00 – 22:40 часот Перформанс на Арт групата Suka off (Полска)
Transfera 4.6 (40 минути)
*перформансот премиерно ќе биде прикажан на ФРИК Фестивал

11.10.2011
23:00 часот
Стара Чаршија – КАПАН АН

23:00 – 03:00 часот
*Аудиовизуелен настап во живо на Pixels on Space од Солун, Грција пропратен со сетови на македонски диџеи.

DJ HADE (Skopje, MKD)

DJ Pixels on space  (Solun, Grcija)

DJ MartchinOff pop (MKD)

• Ким Кестер ќе биде во центарот на ФРИК Фестивал со негово постојано видео следење на неговата работа и секојдневни средби на тема “Романтично – урбано Скопје”.

Финалното видео ќе биде претставено на забавата по повод затворањето на фестивалот на 11 октомври.

Целата работа на германскиот уметник заради местоположбата на цртежите односно односот со минатото (пораката на Тито) и сегашноста треба да биде постојано следена од новинари кои со своите статии инспирирани од дебатите на учесниците треба да поттикнат критичко размислување и постојан граѓански активизам.

You May Also Like