Урбаните митови и легенди на Битола

Денеска (сабота, 19 јули) во Горното фоаје на Народниот театар во Битола ќе бид изведен перформансот „Урбаните митови и легенди на Битола“ на студио Макс. Настанот е дел од фестивалот „Шекспир“.

bitola (9)

 

Потребата од уметничка демистификација на митовите за градот Битола, произлегува од народната митологија, но и од кулоарските разговори. Поставуваќи го прашањето за одредени теми кои се поврзани со градот сегогаш се поставувало прашањето дали е тоа вистина, мит или легенда. Проектот пред себе нема за цел да го запази автентичното, народно верување кај нашиот народ, туку, напротив да испровоцира еден специфичен приод на толкува¬ње и рационализирање на фактите кои се на дофат во архивите.
Овој перформанс-инсталација е замислен како едно патување низ просторни кабини-сцени каде секоја поединечно претставува една приказна (толкување).

Кабините се поврзани една до друга, со цел да се презентира протокот на време но и да се добие чувство на патувањето низ просторот- митските кабини.
Во една таква структура се обработуваат следните теми:
1. Митовите за постанокот на врвот Пелистер
2. Митот за градењето на Саат- кулата
3. Митските елементи во Љубовната приказна за Мустафа Ќемал Ататурк
4. Доаѓањето на Рихард Вагнер во Битола
5. Доаѓањето на славната актерка Сара Бернар
6. Битола – Град на клавирите

кои и покрај тоа што просторно се назависни ќе бидет споени со универзална музичка илустрација на тема Битола.

You May Also Like