Подготовките за Виноскоп 2011 во полн ек

Од 5 до 9 октомври во Скопје на Плоштадот Македонија, под покровителство на Град Скопје, ќе се одржи петтиот по ред Интернационален вински фестивал „Вино-Скоп 2011“.

Во рамките на годинешниот петдневен фестивал ќе бидат реализирани нови програмски содржини, презентации на  -тина домашни и странски винарии и богата музичка програма.

– Ова ќе биде петтото јубилејно издание на „Вино-Скоп“, и сметаме дека оваа манифестација е атрактивна шанса за промоција на квалитетното македонско вино и македонските винопроизводители, што води кон поголем извоз и поголема афирмација на овој производ во светски рамки. Оваа манифестација расте од година во горина и истата прераснува во една од најголемите манифестации во државава и пошироко. За реализација на истата, Градот Скопје издвои 500.000 денари, истакна Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Продажбата на сите производи на фестивалската територија ќе се врши искучиво со таканаречените “Вински денари” (бонови) што ќе се продаваат на определените пунктови на Вино-Скоп, а љубителите на овој пијалак на вистината ќе можат да купат и специјално испечатени чаши со грбот на фестивалот во пескарено стакло.

– И годинава “Вино-скоп 2011” ќе има богата музичка програма, каде ќе настапат голем број на артисти од земјава, како Влатко Стефановски, Гоце Арнаудов, Даутовски квартет, Игор Џамбазов, Есма Реџепова и многу други – кажа Фимка Шопова – Темова, една од организаторите на оваа манифестација.

Фестивалот Вино-Скоп 2011 се одржува на иницијатива и под покровителство на Град Скопје, а стручен организатор е друштвото за угостителство и трговија „OLD GRIPS PUB“ Д.О.О. Скопје.

You May Also Like