Tретото издание на de:sonanz – фестивал за електронска музика и медиумска уметност ќе се одржи на неколку локации во Скопје од 30.09 до 8.10.2011 г.
Фестивалот кој се реализира во организација на Гете-институт Канцеларија за врски Скопје и Здружението на граѓани Домино и оваа година на македонската публика ќе ѝ ги доближи современите тенденции во електронската музика, импровизацијата и видео – уметноста преку настапите на реномирани артисти од Германија, Норвешка, Унгарија, Македонија и регионот.
Оваа година на de:sonanz ќе настапат култното и ексцентрично дуо Mouse on Mars, микрохаус-артистот и продуцент Isolée (Изолее), Roman Flügel (Роман Флигел), еден од најголемите и највлијателните техно продуценти на германската електронска музичка сцена, а Schneider TM (Шнајдер ТМ) ќе ја долови урбаната берлинска атмосфера преку неговите Construction Sounds (Звуци од градилиштата), визуелно “мапирани” од познатиот медиумски уметник и предавач Lillevan (Лилеван).
Не помалку значаен дел од фестивалот претставува едукативната програма, која овој пат ги надминува географските и возрасните граници. Работилницата Sample&Hold во својот фокус ги има таканаречените field recordings (теренски снимки). Артисти од Југоисточна Европа и од земјава под водство на германскиот артист Дирк Дреселхаус неколку дена ќе ги истражуваат звучните обележја на урбаните предели на Скопје, а пак деца од 9 до 12 години заедно со членовите на уметничкиот колектив Staalplaat Soundsystem ќе имаат можност да креираат и презентираат музички инструменти направени од стари апарати за домаќинство.
Значаен сегмент од програмата се настапите на македонските артисти Андреас Херц и Мирко Попов, а за визуелната поддршка ќе се погрижи и светски реномираната македонска видео-артистка Слаѓана Богеска која настапува под псевдонимот xx+xy visuals.
Програма:
30.09.
клуб Хавана, почеток 23:30
Isolée [DE] – LIVE
Roman Flügel [DE] – DJ SET
Andreas Hz [MK] – LIVE
VISUALS: XX+XY VISUALS [MK/IT]
Влез: 200 ден.
01.10.
клуб Хавана, почеток 23:30
Mouse on Mars [DE] – LIVE
Мирко Попов [MK] – DJ SET
Gabor Lazar [HU] – LIVE
VISUALS: XX+XY VISUALS [MK/IT]
Влез: 200 ден.
02.10.
МНТ театар Центар, почеток 20:00
Schneider TM + Lillevan [DE] – LIVE
Kim Myhr [NO] – LIVE
Sample & Hold – презентација
Влез: 100 ден.
29.09. – 02.10.2011
Регионална аудио-работилница “Sample&Hold” со Дирк Дреселхаус aka Schneider TM*
02.10.2011 • МНТ – Театар Центар, 18:00
Visual Music Perspectives – предавање/разговор со Lillevan • влез: слободен
Задолжително пријавување за предавањето најдоцна до 29 септември на: desonanzfestival@gmail.com
08.10.2011 • ОУ Ј. Х. Песталоци, 18:00
Skopje Philharmechanic Youth Orchestra – презентација на аудио работилницата за деца со Staalplaat Soundsystem • влез: слободен
Во прилог Ви ги испраќаме каталогот и постерот од овогодинешното издание на фестивалот, фотографии од артистите и аудио-рекламата за фестивалот, како и линк од видео-рекламата: http://vimeo.com/29312256
Тимот на фестивалот de:sonanz
Гете-институт Канцеларија за врски Скопје и ЗГ Домино
Во соработка со МНТ Театар Центар, Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА и Центарот за балканска соработка ЛОЈА, Тетово
Со поддршка на Гете-институтите од Загреб, Сараево, Будимпешта, Софија и Истанбул