Светска премиера на „Крвава свадба“ во Охрид

Светската премиера на делото „Крвава свадба“, праизведба на авторскиот текст на англиската режисерка Јулија Паскал напишан специјално за 52-то Охридско лето ќе се случи вечер (среда, 15 август, 2012) во 21:00 на Mалата сцена на Центар за култура „Григор Прличев“.

 

„Крвава свадба“ е копродукциски проект на „Охридско лето“ и на „Паскал театар компанијата“ од Лондон. Тоа е театарска дуодрама на текст и режија на Јулија Паскал, сценографија на Клер Лит, а главните улоги ги толкуваат  Ана Сава и македонскиот млад актер Димитрија Доксевски.

„Крвава свадба“ се занимава со моралот на измачувањето и го поставува прашањето дали е исправно да се брутализира некого, само за да се добијат информации што ќе спасат други животи.

You May Also Like