Француско катче во Велес

Алзашко – Македонското друштво на пријателство ,,Ал -Ма“ на Велес му подари 1400 книги кои се дел од Француското катче во велешката библиотека „Гоце Делчев“.

Донацијата од стручна литература, белетристика, детски книги ја предаде француската амбасадорка во Македонија Карен Роше.
Во чест на отворањето на Француското катче се одржа концерт во салата „Бели Мугри“ каде присутните имаа можност да слушнат весела музика од Алзас во изведба на Жан-Пјер Албрехт во придружба на пијанистот Дино Имери. На концертот настап имаше и актерот Васил Зафирчев.

You May Also Like