Во манастирот „Свети Илија” во прилепско Мариово вчера (недела, 7 октомври, 2012) се одржуваа традиционалните Мариовско-мегленски културни средби. Утрото во манастирот се одржа божествена литургија, а потоа следуваше културно-уметничката програма.
На манифестацијата настапи Гоце Пилоски на гајда, а гости имаше и од Воден, Грција. Пред гостите се претставија и учениците од музичкото училиште „Илија Николовски-Луј” од Скопје, како и студентите од Факултетотот за музичка уметност од Штип, од одделот за етнокореологија.
Во рамките на традиционалната манифестација се одржа и рекреативна велосипедска тура „Мариово на дланка”.
Организатори на Мариовско-мегленските културни средби се Здружението на Мариовско-мегленски културни средби и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци.