Кореографката Џенис Бренер работи со танчерите на Скопје танцовиот театар

Скопје танцовиот театар, единствената современа танцова компанија кај нас, чија работа се официјализира со договорот со Министерството за култура на РМ за тригодишна поддршка, потпишан во текот на 2012 година, ја подготвува својата програма за 2014.

Janis Brenner 25 years of danceНа покана на Рисима Рисимкин, познатата кореографка Џенис Бренер, веќе трета недела работи со танчерите на Скопје танцовиот театар.
Неформална презентација на нејзината работа ќе се одржи во петок, 28 фебруари во 12:30 часот, во просториите на Интерарт културниот центар во ЗЕБРА.

Џенис Бренер (JANIS BRENNER), позната короеграфка од Њујорк и професор на престижната Џулијард школа, работи во Скопје со Скопје танцовиот театар на новата премиера “Импулс“.

Џенис Бренер е кореограф, танчер, професор и уметнички директор на Џенис Бренер танцовата компанија од Њујорк, САД. Таа има добиено повеќе награди како: “Беси“ награда (“Bessie”), за изворедни достигнувања во танцот, во 1997 година, за нејзионото соло на делото на Мередит Монк “Политиката на тишината“; повторна номинација за “Беси’ во 1999 г.; “Лестер Хортон“ награда за извонредни достигнувања во областа ан короеграфијата , во 1996 г., во Лос Анџелос; “Коперфут“ награда во 2010 г.; награда за извонредни достигнувања во иведувачки уметности од Empire State College во 1993 г.,; награда на Dance On Camera Festival, во 1986 г.

Работи како уметнички директор на својата компанија, повеќе од 25 години, професор е по кореографија на престижната Џулијард школа во Њујорк, а има настапувано во повеќе од 33 земји, насекаде низ светот. Воедно, држи работилници за короеграфија и мастер работлиници за педагози за танц. Нејзините короеграфии се изведуваат во повќе од 45 компании во Германија, Шведска, Франција, Тајван, Индонезија, Сингапур, Русија, како и низ САД. Од 1990 – 2005 Џенис Бренер со голем успех настапува со Мередит Монк и нејзиниот Вокален ансамбл. Нејзиниот опус како кореограф и изведувач е навистина голем и светски признат. Таа настапувала како извдеувач на короеграфиите на извонредната Мери Вигман, Исидора Данкан, како солист на Мури Луис танцовата компанија, работела со Рудолф Нуреев, Пласидо Доминго, Дејв Брубек Квартет, Џозеф Пап, Батшива танцовата компанија, Елвин Николај и др. Дел од нејзината работа е претставен во “Американските ремек-дела“ програмата во 2011 година.

:

You May Also Like