Танчерите на Студиото „Брејк а Лег“ освоија 6-то место на Светското Првенство во модерни танци кое се одржа во Бохум, Германија (03.10. – 07.10.2012) организирано од страна на Светската Танцова Организација – ИДО.
На најголемиот Светски танцов собир учествуваа преку 4000 натпреварувачи од 30 земји , а „Брејк а Лег“ огромниот успех го остварија во конкуренција на 50 хип-хоп танцови групи.
Успехот е резултат на професионалноста и посветеноста на танчерите и напорните тренинзи во текот на летниот период.
Сениорите завршија 6-ти и на Светското првенство 2011, додека на европското првенство кое се одржа во јули во Словенија , Брејк а Лег се закитија со 5-то и 6-то место со јуниорите и детската формација.