Француската поп-група „Елефан“ доаѓа во Скопје

На 16 мај (петок) во 20:00 часот во МЦ доаѓа француската поп-група Елефан. Организатор  е Францускиот институт од Скопје, а настанот е дел од одбележувањето на 40-годишнината од неговото формирање.

 

elephant_ifs_mkc

Организаторите најавуваат„Откријте го музичкиот свет на групата ЕЛЕФАН, кој се движи помеѓу класиката, поп-рок и фолк, африканските звуци со современи француски текстови.

Лиза Вишниа има кристален и сензуален глас, кој го надополнува електричниот звук на Франсоа Вилвјеј, кој, по 20-те години минати на Музичкиот Конзерваториум, совршено прави спој на најразлични видови тонови.

Слободна и лежерна музика, која што ќе ви ја донесат една млада девојка и момче, кои со пристигнување на сцената, ве пренесуваат во една волшебна музичка сказна.“

You May Also Like