Регоналната платформа за активизам „Лице в лице“ ја организира изложбата на фотографии насловена „Пат“ на кинематограферот и фотограф Миладин Чолаковиќ. Настанот ќе се одржи на 3 ноември (сабота) во Кинотеката на Македонија со почеток во 19:00 часот.
Изложбата ќе биде поставена две недели, а на отворањето ќе присуствува авторот Чолаковиќ, кој ќе ја раскаже возбудливата приказна за неговата инспирација за овие дела. Директорката на фестивалот „Браќа Манаки“, Лабина Митевска ќе даде краток осврт за монографијата.
Ќе бидат претставени фотографии кои се дел од фотомонографијата„Пат“, која претставува субјективен фотографски документ за група Ромии се состои од два дела. Првиот, насловен “Мечкари“ е сниман од 1996 до 1998година.
Деловите од реалноста која тогаш ја забележал авторот се реконструирани 12 години подоцна, на почетокот на 2010 година.Така настанал вториот дел,„Собирачи на железо“.Изложбата се состои од 30 црно-белифотографии кои ги има и во монографијата.
Фотографиите на Чолаковиќ ја следат животната приказна на оваа група луѓе, како и нивниот развој и промените кои им се случуваат во животот.
Чолаковиќ е автор на повеќе фотографски изложби, а како кинематографер ги потпишува филмовите „Смрт на човекот на Балканот“, „Востаничка улица“, „Бел, бел свет“, „Кажи зошто ме остави“ и други. Тој беше и член на годинашното жири на Интернационалниот фестивал на филмска камера „БраќаМанаки“ во Битола. На фестивалот, во соработка со „Лице в лице“, тој одржа работилница за перспективите на фотографијата.