Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ вечерва (среда, 4 јули) во 20.30 часот ќе одржи концерт во амфитеатарот кај Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје.
На вечерашната програма на Танец ќе се најдат: „Црна се чума зададе“, „Kажи, кажи, стара ле бабо“, „Босо моме шета“, „Извика мома Драгинка“ и други.
Во 21 часот во Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија „Мал драмски театар“ од Битола ќе ја изведе претставата „Жени без маж и ништо повеќе“ работена според делото „Домот на Бернарда Алба на Федерико Г. Лорка, а во режија на Софија Ристевска.
Во претставата играат: Јоана Поповска, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Борче Ѓаковски, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.