(фото) Џорлев и Спасовска ја воодушевија публиката

Вчеравечер (среда, 5 март) на сцената на новиот објект на Македонскиот народен театар, македонската публика можеше да ужива во изведба на десет македонски изворни песни во изведба на маестро Зоран Џорлев, Сузана Спасовска и триото Four Strings.

dzorlev spasovska violina i glas (1)

Концертот „Виолина и глас“ на Зоран Џорлев и Сузана Спасовска ја остави без здив публиката во МНТ. Преполната сала уживаше час и половина во изведбата на десетте нумери од албумот „Виолина и глас“.

Аранжманите на Сашо Ливрински за „Те видов, се заљубив“, „Налеј, налеј“, „По друм одам мајче“, „Ајде брала мома“, „Жали горо“, „Параходот ми пристигна“, „Градел Илија манастир“, „Црна се чума зададе“, „Сношти појдов, мила мамо“ и „Т’га за југ“ само потврдија дека македонската народна музика може да звучи одлично и кога е претставена на овој начин, прилагодена овој четиричлен гудачки состав, со прекрасниот глас на Сузана Спасовска.

dzorlev spasovska violina i glas (2)

Ова е дефитинивно она што и фалеше на македонска музичка сцена. Се надеваме дека овој поттик од публиката е само почеток за македонските креативци да истражуваат во македонската музика и да не изненадуваат пријатно со вакви етно класични изрази.

Секоја чест за Ливрински, Џорлев, Спасовска и Four Strings. За овој концерт уште долго ќе се прераскажува.

dzorlev spasovska violina i glas (3)

dzorlev spasovska violina i glas (4)

dzorlev spasovska violina i glas (5)

dzorlev spasovska violina i glas (6)

dzorlev spasovska violina i glas (7)

А.Р.

You May Also Like