„Славење на пирејот“ во село Слоештица

Со 8-та традиционална манифестација „Славење на пирејот“ посветена на македонскиот поет, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М.Андреевски, вечер продолжува Демирхисарско културно лето.

sloeshtica 1Организаторите за денешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица најавуваат повеќе културни содржини на неколку локации во Слоештица, родното село на Петре М. Андреевски.

– Манифестацијата е во знакот на 80-годишнината од раѓањето на великанот. Ќе почне во 18 часот кога звукот на камбаната на црквата „Св. Атанасиј“ во Слоештица ќе ги повика посетителите и почитувачи на Петре М. Андреевски. Честа на „беседење“ за Петре, овојпат им припадна на членовите на „МакеДокс“ фестивалот на креативен документарен филм кои годинава ја одбраа Слоештица и уметничкото гумно за седиште од каде што го реализираат својот проект „Патувачко кино“, велат од локалната самоуправа.

Во рамките на годинешната програма и демирхисарското културно лето, доцна попладне на мостот „Бела Река“, ќе биде откриена скулптура на истакнатиот македонски режисер Владо Цветановски, а чиј автор и донатор е скулпторот Жарко Башески.

You May Also Like