Во организација на Македонското научно друштво – Битола и општинаta Новаци, во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола, беше промовирана книгата „Дедо Кољо Добровенски, Мариовско-Лерински војвода“, од авторот Ѓорги Лазаревски.
Промоцијата на книгата беше придружена со академски час врзан со 108 годишнината од смртта на војводата Кољо Добровенски кој бил убиен на 21 февруари 1904 година.
Дедо Кољо Добровенски бил голем јунак и силен војвода во Мариовско-Леринскиот крај.